Нови мерки во Франција: Тротинет нема да смее да се вози на тротоар и без кацига, максималната брзина до 25 километри на час

by Fokus

Франција воведе строги закони за возење на електричните тротинети кои стануваат вистински хит, посебно кај младите.

За да се вози тротинет, мора да имате 12 години. Секој возач мора да носи заштитна кацига и никако нема да смее да вози на тротоар туку на специјализирани патеки за овие превозни средства.

Исто така, тротинетеите што ќе се возат низ француските улици нема да смеат да преминуваат 25 километри на час.

Исто така на тротинетот нема да смее да се вози уште едно лице, ниту да се употребува мобилен телефон ниту слушалки.

Поврзани новости