Нови кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ: Муцунски и Ѓорчев меѓународни секретари

by fokus 13:46
13:46

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари, соопшти денеска центарот за комуникации на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партиското соопштение, Иванка Василевска e назначена за координатор на централните комисии, а освен за претседател на ОК на партијата за Велес, каде е именуван Игор Здравковски, партијата ќе распише оглас за избор на нови претседатели на повеќе општински комитети.

- Advertising -

Завчера ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет на партијата, како дел од најавените кадровски промени.

„Извршниот комитет изрази загриженост за состојбата во Република Македонија со корона пандемијата, за која се констатираше дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед. Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување на револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија“, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости