Нови членови на антикорупциската комисија

by Фокус

Собранието на Република Македонија утре треба да ја одржи 43. седница.На оваа седница на дневен ред е и предлог одлуката за именување членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата пред велигденските празници предложи именување членови на Антикорупциска од кои само двајца се од постојниот состав.

За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата беа предложени Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп, како и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

Поврзани новости