Нови 700.000 евра за Археолошкиот музеј

by Фокус

Министерството за култура попладеново објави дека ќе потроши уште 700.000 евра за Археолошкиот музеј. При крајот на минатиот месец министерството потпишало договор со „Бетон Штип“ за набавка, изработка, транспорт и монтажа на ѕидна облога од камен и на огради за Археолошкиот музеј.

Според минатогодишниот отчет на министерката Елизабета Канческа-Милевска и на тогашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодороовиќ, овој објект до минатата година чинел  27,5 милиони евра. Покрај Археолошкиот музеј во зградата ќе биде сместен и Уставниот суд, додека веќе таму е преселен Државниот архив.

Поврзани новости