Нови 603 заразени со корона, 39 починале

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Пријавени се вкупно 39 починати пациенти од кои 18 од Скопје (52г, 53г , 62г, 66г, 71г, 71г ,73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по тројца од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по двајца од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по еден од Битола (74г), Велес (79г), Штип (77г), Кочани (71г) и Пробиштип (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 641 оздравен пациент од: Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија – по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип – по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово – по 2, Пехчево – 1.

Направени се 2.596 тестови преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–118, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-221, Биотек-238, Систина-166, лабораторија Лаор-128, Синлаб – 46, Ремедика-28, Плодност – 32, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 686.

Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.

Поврзани новости