Нови 6,5 километри гасоводна мрежа во Струмица

by fokus

„Струмица-гас“ објави тендер за избор на фирма што ќе гради нови 6,5 километри дистрибутивна гасоводна мрежа во градот и во околните населени места, пренесе ПлусИнфо.

Проценетата вредност на зафатот изнесува 10 милиони денари, без ДДВ. Изградбата на гасоводната мрежа ќе се одвива една година.

Понудите на огласот компаниите можат да ги достават до 6 декември.

Оваа инвестиција треба да го доближи природниот гас до сите жители од градските зони во Струмица, но и да ги поврзе селата Добрејци, Дабиле и Куклиш со гасоводната мрежа.

Поврзани новости