Нови 55 случаи на ковид, нема пријавено починати пациенти

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.

Поврзани новости