Нови 55 ковид позитивни, нема починати

by Fokus

Во последните 24 часа регистрирани се 55 нови случаи на ковид-19 од направени 644 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Во Скопје има 38 нови случаи, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Регистрирани сe 55 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица, а нема починати ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Поврзани новости