Нови 53.000 Македонци чекаат бугарски пасош, Бугарија ќе ја убрза процедурата

by fokus

53.000 македонски граѓани имаат поднесено документи за бугарско државјанство, откри бугарскиот вицепремиер Валери Симеонов. Тој најави дека бугарската власт ќе го намали рокот за чекање на шест месеци.

-Имаме 53.000 барања со соодветни приложени документи на 53.000 граѓани на Македонија, кои што не можат да станат бугарски граѓани поради одредени несовршенства на законодавната база. Нашата цел е да го сведеме рокот за добивање бугарско државјанство при целосно исправни документи на 6 месеци. Во моментов, вообичаено процедурата трае 2-3, а понекогаш и неопределен број години, изјави Симеонов.

Тој објасни дека 4 месеци и 17 дена би траеле процедурите, а останатото време ќе биде за да може бугарскиот потпретседател да го потпише указот за лицето кое треба да добие бугарско државјанство.

Поврзани новости