Нови 498 случаи на ковид од 2.467 тестирања

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19.

По градови состојбата е следна: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 82.301 лица.

Поврзани новости