Нови 48 заразени со ковид 19, по Скопје следува Кочани со 9 случаи

by Фокус
Од направени 387 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 48 нови случаи на Ковид 19.
Притоа, 20 од новите случаи се од Скопје, по што следуваат: Кочани со 9, Струмица 4, Куманово и Прилеп со по 3.
По два нови случаи се регистрирани во Пехчево, Виница и Свети Николе, а по еден во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево, Делчево.
Досега, во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17.674.
Бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а бројот на активни случаи изнесува 2.303.

Поврзани новости