Нови 414 случаи на корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-187, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83743, бројката на оздравени пациенти е 61943, на починати е 2510, а бројот на активни случаи изнесува 19290

Поврзани новости