Нови 394 случаи од 2236 тестирања

by Fokus

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево – 2.

Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-518, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-188, Биотек-138, МАНУ-110, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Систина-150, лабораторија Лаор–128, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-8, лабораторија болница Козле-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-699, УК Пулмологија со алергологија–5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.

Поврзани новости