Нови 37 заразени со корона вирусот, 15 пациенти се излекувани, а двајца починале

by Фокус

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.

Починати се двајца пациенти, позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатите 24 часа, потврдени се 37 нови случаи на Ковид-19, при што во Скопје се регистрирани 8, во Куманово 9, во Прилеп 5, во Тетово 3, во Вел.ес 3, во Охрид 8 и во Кочани 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.207.

Поврзани новости