Нови 324 заразени, вкупно тројца починати

by fokus

Во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи со КОВИД-19, едно починато лице и 287 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 324 случаи од Скопје се 207, Битола 19, Прилеп 17, Охрид 13, Куманово 11, Кавадарци 9, Тетово и Велес по 6, Неготино 5, Кичево и Гевгелија по 4, Гостивар, Струмица, Кочани, Виница и Кратово по 3, Струга и Крива Паланка по 2 и Ресен, Радовиш, Валандово и Пехчево по 1.

Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.

Од 287 оздравени пациенти од Скопје се 175, Битола 24, Велес 18, Прилеп 16, Кавадарци 9, Куманово 8, Гостивар 6, Охрид, Струмица и Кочани по 4, Тетово и Неготино по 3, Кичево, Гевгелија, Виница, Струга и Ресен по 2 и Кратово, Крива Паланка и Штип по 1.

Починато лице е од Велес (70г). Починато е во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година. Пријавените лица, се починати во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (3), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Поврзани новости