Нови 307 заразени со корона, 14 починати

by fokus 17:40
17:40

Во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.

- Advertisements -

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311.

Поврзани новости