Нови 305 ковид позитивни, 167 оздравени и 11 починати

by fokus

Нови 305 случаи на ковид-19 од направени 2.533 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Оздравени се 167 пациенти, а починале 11 лицa, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти, од кои во Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица – четворица од Скопје (79г,72г,67г,57г), тројца пациенти од Прилеп (79г,71,70), двајца од Гевгелија (85г,71г), и по еден од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-553, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-121, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина -1, УК Пулмологија со алергологија –1, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Авицена-318, Биотек-348, Систина-318, Лаор–424, Синлаб-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 238.

Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Поврзани новости