Нови 30 дена притвор за Талески

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески останува во куќен притвор. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор за нови 30 дена.

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талески за укинување на мерката притвор и го потврдил решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал.

Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Битолскиот градоначалник е во домашен притвор веќе два месеци, за случајот „Транспортер” во кој се сомничи за коруптивни тендери со школскиот превоз, преку кои ја оштетил општината за 360 илјади евра.

Инаку на вчерашната јавна седница во скопската Апелација, Талески тврдеше дека е невин и рече оти се чувствува „супериорно” бидејќи случајот против него, како што рече, бил наместен. Градоначалникот одговарајќи на новинарско прашање потврди и дека потпишува документи и се уште раководи со општината иако во куќен притвор.

Поврзани новости