Нови 30 дена притвор за новинарот Божиновски

by fokus

Судот му го продолжи притворот на новинарот Зоран Божиновски за нови 30 дена, откако обвинителството за организиран криминал и корупција покрена ново обвинение против него во кое го товари за шпионажа, уцена и злосторничко здружување.

“Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за обвинетиот Зоран Божиновски, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и ја продолжи мерката притвор за 30 дена” – соопштија од Кривичниот суд.

 Од судот информираат дека откако ќе биде распределен предметот кај надлежен судија, ќе биде закажан датум за старт на судскиот процес.

Поврзани новости