Нови 293 ковид-случаи

by Фокус

Во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи со ковид 19 и 102 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице, а не се регистрирани починати лица ниту во регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“.

Досега, во земјата направени се вкупно 2.085.639 тестирања, а вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 314.794.

Поврзани новости