Нови 25 заразени од корона вирус, дури 14 се од Скопје

by Fokus

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Поврзани новости