Нови 24 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19, шестмина на возраст од 40-тина години

by fokus

Според најновата статистика, во изминатите 24 часа со Ковид-19 биле заразени 1.112 граѓани, а регистрирани се и 24 починати.

-Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6, Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.

Поврзани новости