Нови 22 случаи на корона вирус во Албанија

by Fokus

Билансот на заразените од Ковид-19 во Албанија се зголемува. Во последното деноноќие од тестираните 233 сомнителни случаи, позитивен резултат има кај 22, со што вкупниот број на инфицирани со новиот корона вирус се зголеми на 584 лица.

Најголем број од новозаболените или 12 се од градот Курбин, каде пред три дена беа потврдени првите случаи на заразата. Станува збор за вработени во погон за производство на чевли, поради што погонот во кој имало 250 вработени е затворен.

Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Нроќи“ сместени се 44 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија, од кои петмина се во тешка состојба.

И понатаму најголем број од заразените со Ковид-19 се од Тирана или 253, потоа од Скадар – 99, Драч – 42 и Фиер 36 лица.

Поврзани новости