Нови 22 случаи на корона вирус, вкупната бројка достигна 241 заразени

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува  241 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје- 143
– Дебар – 45 од кои 2 починати
– Куманово – 20 од кои 1 починат
– Штип – 8
– Прилеп – 8
– Тетово- 4
– Охрид- 3
– Велес – 3
– Струга – 3 од кои 1 починат
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1

Поврзани новости