Нови 21 граѓани заразени со Ковид и еден починат

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените  во Скопје се 8, Тетово – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1.

Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56г) во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.

 

 

Поврзани новости