858
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Kовид 19.
Најмногу, односно 90 регистрирани случаи се во Скопје, а голема е бројката во Свети Николе, која изнесува 24.
Покрај тоа, 17 нови случаи има во Куманово, 6 во Дебар, 9 во Штип, 3 во Прилеп, 12 во Тетово, 12 во Струга, 2 во Битола, 4 во Охрид, 2 во Кавадарци, 5 во Гостивар, 2 во Струмица, 1 во Радовиш, 1 во Крушево, 3 во Пробиштип, 1 во Демир Хисар, 3 во Кичево и 2 во Ресен.