Нови 19 заразени хоспитализирани во ковид- центрите во Скопје

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники, по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за очни болести, на Клиниката за кожни болести и на Клиниката за веврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за нефрологија.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти, а во текот на вчерашниот ден исти толку лица се примени и на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Вкупно 374 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Од нив, на Кожната клиника сега се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Поврзани новости