Нови 177 заразени од Ковид 19, од кои дури 105 се во Скопје

by Fokus

Во изминатото деноноќие во нашата земја се регистрирани 177 нови случаи со ковид-19 од направени 1.245 тестови, дознава „Фокус“.

Најмногу од случаите се во Скопје – 105, потврдуваат од Институтот за јавно здравје

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица, а во моментов се активни 1.009 случаи.

Поврзани новости