Нови 17 случаи на корона вирус во Тиквешијата: Најмладиот пациент има само 15 години

by Fokus

Денес во Кавадарци се регистрирани 14 позитивни пациенти на Ковид-19. Станува збор за лица на возраст од 15 до 77 години.

Исто така, корона вирусот започна да се шири и во Неготино, каде денес има тројца нови пациенти, на возраст од 40, 50 и 64 години.

-Во Кавадарци сите новорегистрирани се на домашно лекување, со лесна клиничка слика. Во Неготино пак, едно лице е хоспитализирано, останатите две остануваат на домашно лекување. Се тестирале поради покачена температура – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Со денешните резултати, во Кавадарци има 75 активни случаи, додека во Неготино активни се 11. Од центарот појаснуваат дека се очекуваат резултати за повеќе лица на кои им е земен брис, во тек на денешниот или утрешниот ден.

Вики Клинчарова

Поврзани новости