Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022) направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на Ковид-19
Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.
Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 – 01.07.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305