Нови 102 контејнери со италијански отпад откриени во Варна, Ангелов во центарот на вниманието

by fokus

Нови 102 контејнери со италијански отпад се откриени на пристаништето во Варна, а примач повторно е компанијата „Блацион“, јави бугарската агенција БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека бугарската компанија „Блацион“, во која учество имаат двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов, увезувала отпад од Италија, кој беше откриен на пристаништата во Варна и Бургас. Самиот Ангелов до неодамна беше директор Дрисла. Откако избувна скандалот, тој беше отпуштен од работа, пишува БГНЕС.

Контејнерите со отпад, кои се наоѓаат на пристаништето Варна-Запад, денеска ги провериле претставници на Регионалното обвинителство во црноморскиот град. Во инспекцијата учествувале и службени лица на Државната агенција „Национална безбедност“, Министерството за внатрешни работи, царината и еко-инспекторатот.

Доставувач на отпадот е италијанската компанија „Дентиче пантелоне“.

Според изјавите на обвинителството од минатата недела, отпадот бил наменет за компанија во Плевен, а Горан Ангелов тврди дека требало да биде доставен за термоелектраната „Бобов Дол“, јави БГНЕС.

Поврзани новости