Новата цена на струјата ќе се знае за десетина дена, вели Бислимовски

by fokus 12:51
12:51

Новата цена на струјата ќе се знае за десетина дена, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Најодговорно тврдам дека поскапувањето побарано од енергетските компании нема да биде прифатено и Регулаторната комисија за енергетика ќе си прави анализи врз основа на кои, очекувам во наредните десетина дена, да излезе со конечни пресметки за цената на струјата, вели Бислимоски.

- Advertisements -

Тој смета дека Регулаторната комисија треба да ја одредува и цената на водата, затоа што ќе го релаксира притисокот на политиката врз работењето на овие јавни комунални претпријатија.

-Ние немаме никаков притисок во тој дел, а членови на Советот се од различни политички партии и мнозинството секогаш се труди да донесе условно кажано популарна одлука. Но знаете дека во изминатиот период има доста општини каде што има прекин во водоснабдувањето. Во тој период секое домаќинство сигурно ќе си купи флаша вода од продавница. Едно шише вода не е под 15 денари, е толку е заштедата што ја кажуваат. Многу е битно со тие средства коишто многу значат за овие јавни комунални претпријатија да може да инвестираат, да го подобруваат квалитетот и се разбира да влијаат на намалување на загубите на вода, коишто во овој сектор, и според извештајот на Државниот завод за ревизија, се енормни и во некои општини изнесуваат до 80 проценти. За која стратегија зборуваме ако имаме загуби на вода од 80 проценти. Тоа е како во некоја фабрика за автомобили да произведете 100 автомобили, а 80 да ви бидат проблематични, значи нема тука бизнис, нема ништо сериозно. Од тие причини предлагаме РКЕ како независно тело коешто е веќе етаблирано и функционира 17-18 години, како што определува цени и за електрична енергија, и за природен гас, и за топлинска енергија, истото да го прави и за водата односно да ја каже конечната цена за секое претпријатие, вели Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

 

Поврзани новости