НОВА ТВ: Горан Грујовски е болен за СЈО, а здрав за ракомет

by fokus 14:14
14:14

Порталот НОВА ТВ објави фотографии од поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујовски, од кои се гледа како на 27 април тој со пријатели навива на натпреварот „Вардар – Фленсбург“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Фотографиите до порталот ги испратил извор од полицијата кој случајно се нашол на истиот натпревар со началникот Грујовски.

- Advertisements -

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов денеска по излегувањето од судница рече дека тие се сомневаат во болеста на Грујевски и ќе бараат проверка на документацијата. Тој спомена дека првообвинетиот бил забележан деновиве во кругот на МВР.

Горан Грујовски, поранешен началник во УБК е првообвинет во случајот „Тврдина 2“ за уништување на документацијата поврзана со прислушувањето. Судењето требаше да почне во ноември, но постојано се одложува бидејќи Грујовски секогаш има боледување издадено од лекар.

Поврзани новости