Нова средба во Пржино за надлежностите на министерот за внатрешни работи

by Фокус

Во резиденцијата на ЕУ во Пржино почнува нова средба на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

На средбата присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли, во обид да им помогнат на преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА да постигнат согласност за последното отворено прашање околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада што треба да се формира пред предвремените парламентарни избори.

Неофицијалните информации по завршувањето на последната рунда разговори беа дека СДСМ инсистира министерот за внатрешни работи да ги има сите ингеренции што му приѓаат на првиот човек на полицијата, додека ВМРО-ДПМНЕ инсистира на ингеренции со поделени надлежности со заменскиот министер.

Во однос на другите прашања, партиите постигнаа согласност за 40.000 гласачи кои треба да се проверуваат прво теренски, а потоа самите да се пријават во Државната изборна комисија, а доколку не се пријават во одреден временски рок ќе бидат избришани од списокот.

Околу предлогот за формирање ад-хок тело за оценување на работата на медиумите, пак, партиите наводно би предлагале по еден член, петтиот ќе треба да го избират четворицата членови, додека главниот уредник на МТВ треба да биде на предлог на опозицијата.

Поврзани новости