Нова можност за МојДДВ – граѓаните ќе можат да ја проверуваат исплатата

by fokus

Управата за јавни приходи на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, информираат од УЈП.

Појаснуваат дека секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче „МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

-Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.

Поврзани новости