Нова лидерска средба во понеделник наутро

by Фокус

На покана на премиерот Зоран Заев, во понеделник во 9 часот наутро нова лидерска средба ќе оддржи со првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и опозициската БЕСА, Христијан Мицковски, Али Ахмети и Биљал Касами.

Тоа ќе биде нов обид лидерите на водечките партии од власта и опозицијата да најдат заеднички јазик околу референдумот што треба да се оддржи за договорот со Грција за името, како и за низа законски решенија поврзани со изборниот процес и други прашања.

Начелно, од СДСМ инсистираат ВМРО-ДПМНЕ да не го бојкотира референдумот, без оглед каков став ќе заземе, додека опозициската партија поставува неколку услови пред да се екипира Државната изборна комисија, како што е формирање на техничка влада пред избори и промена на моделот на финансирање.

Опозицијата на маса ја ставила и темата за неофицијална амнестија на обвинетите во случаите во СЈО преку барање за интервенција во кривичниот законик, меѓутоа од власта се категорично против тоа.

И еден од условите на ЕУ за почеток на преговори со Македенија беше ефективно да се завршат судските процеси каде обвинети се високи функционери од претходната власт.

Поврзани новости