Нова кривична за екс директорката на Здравствен дом-Берово осомничена и дека си го вработила синот

by fokus 14:28
14:28

Поранешната директорка на Здравствен дом-Берово доби уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Овој пат Министерството за внатрешни работи ја сомничи 62-годишната М.Р. дека во 2015-та година спровела постапка за набавка на медицински апарати и склучила договор со два економски апарати без да обезбеди согласност од Советот за јавни набавки.

Според МВР осомничената направила штета на Здравствениот дом во износ од 37.846 евра.

- Advertising -

Против истата директорка беше поднесена кривична пријава и во декември минатата година под сомнение дека си го вработила синот. На товар на М.Р. и се ставаа злоупотреба на службената положна и несовесно работење во службата.

Според кривичната пријава, таа остварила контакт со управителот на Агенцијата за привремени вработувања со кого се договорила за вработувањето на нејзиниот син. На него, пак, директорката му ги доставила целокупните документи барани по условите, додека работното место не евидентирало воопшто во „Правилникот за организација на работа и систематизација на работни места“. На овој начин ја оштетила јавната здравствена установа со 82.329 денари.

Поврзани новости