Нова истрага за потеклото на коронавирусот бара група од 24 светски научници

by Fokus

Заедничкото истражување на Кина и на Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, сметаата група меѓународни научници и истражувачи.

Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува ковид-19 вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Исклучена беше можноста дека вирусот протекол од лабораторија.

Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека истражувањето било нарушено од политиката.

-Тие сакаа да постигнат онолку компромиси колку што им беа потребни за да се постигне минимална соработка од Кина, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој и го напиша писмото.

Во писмото, како што пренесува МИА; се наведува и дека заклучоците од истражувањето се темелат на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.

 

Поврзани новости