Нова градска болница ќе никне кај Мајчин дом, болницата за хируршки болести од центарот на градот се сели таму

by Fokus 16:43
16:43

Уште една нова градска болница ќе никне на местото на Мајчин дом во скопската населба Аеродром, дознава „Фокус“ од извори во министерството за здравство.

Според нашите информации, таму ќе биде преселена Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која е лоцирана во центарот на градот. Причината за ваквата одлука е да има две градски болници, со цел да се растерети гужвата во старата воена болница.

Нашите извори уште информираат дека во моментот се обезбедува маркица за градба и техничка документација со цел побрзо да почне постапката, а целата процедура оди преку министерството за здравство кои веќе ги потврдија информациите.

Министерот за здравство Венко Филипче за “Фокус” потврди дека на местото на Мајчин дом ќе се гради нова градска болница,  а причината за тоа е да се растерети гужвата во болницата „8 Септември“.

И.М.

 

Поврзани новости