Нов земјотрес во близина на Петриња

by Fokus

Нов земјотрес со интензитет од 3,1 степен според Рихтерова скала го погоди денеска централниот дел на Хрватска.

Епицентарот на потресот се наоѓал повторно кај градот Петриње, соопшти хрватската Сеизмолошка служба.

Истото подрачје синоќа по полноќ го потресе земјотрес со интензитет од 3,9 степени.

На 29 декември 2020 година градот Петриње беше речиси целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,2 степена, во кој загинаа најмалку седум лица, а повеќемина беа повредени.

Поврзани новости