Нов возен ред, на половина час автобус до Средно Водно

by fokus

Автобусите на пробните линии до Средно Водно од денеска ќе возат по нов возен ред и ќе тргнуваат на половина час, соопшти Град Скопје.

Новиот возен ред на линиите 25А и 25Б, како што информира Град Скопје, е направен поради зголемениот интерес на граѓаните.

Двете пробни линии беа воведени со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните откако Град Скопје воведе забрана за движење на возила на патот до Средно Водно секој викенд и за време на празници.

Покрај овие две автобуски линии, граѓаните можат да ја користат и постојната автобуска линија, односно линијата со број 25 до Средно Водно.

Од Град Скопје истакнуваат дека возењето на трите автобуски линии на почетокот ќе биде бесплатно.

Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Поврзани новости