Нов, уште посилен земјотрес во Нов Зеланд, со јачина од 7,4 степени според Рихтер

by fokus

Нов, уште посилен, земјотрес денеска го погоди Нов Зеланд, овој пат со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил малку посеверно во океанот, во близина на островот Кермадек.

Ова е втор земјотрес со јачина од над седум степени за само неколку часа.

Претходно денеска Нов Зеланд беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени, соопшти американскиот Сеизмолошки центар и веднаш потоа беше издадено предупредување за цунами.

Брановите на цунами може да се формираат на 270 километри од епицентарот на земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Ен-Би-Си Њуз известува дека епицентарот на земјотресот е северо-источно од Нов Зеланд (источно од Оукленд), а властите на островската земја ги предупредија граѓаните што живеат во близина на брегот што побрзо да се искачат на блиските ридови.

Поврзани новости