Нов црн рекорд во Хрватска: Починаа 78 луѓе, 4.135 новозаразени со корона

by fokus 15:45
15:45

Во последните 24 часа евидентирани се 4135 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 25.270. Меѓу нив, 2.792 пациенти се во болница, од кои 295 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 78 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, до денеска се евидентирани вкупно 172.523 лица заразени со новиот вирус, од кои 2.562 починале, вкупно 144.691 оздравеле, од кои 3.793 во последните 24 часа.

- Advertisements -

Поврзани новости