Нов сведок ќе сведочи за нелегалното масовно прислушување во УБК

by fokus

Откако неодамна за случајот „Таргет и Тврдина“ сведочеше премиерот Зоран Заев, денеска во судница треба да продолжи сведочењето на вработени во УБК, кои биле сведоци на нелегалното масовно прислушување.

На минатото рочиште Заев кажа дека од материјалите, „бомбите“ кои ги добил, увидел дека во држават се прави масовно следње на комуникациите, дека тоа се врши надвор од пропишаниот закон, односно без судска наредба и посебни истражни мерки, како и дека масовноста на прислушувањето според негова проценка опфатила над 20 илјади граѓани.

Најчест таргет, Заев рече дека биле опозицијата и високите претставници на опозициската СДСМ, но дека се следеле и новинари, екаперти, претставници на НВО, како и деловни луѓе од државата, верски претставници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време.

Заев, рече дека се приклучува кон кривичниот прогонот на обвинетите, како лице кое било прислушувано, но дека не бара никаква отштета.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Поврзани новости