Нов Шпанец ќе го води европскиот првак Вардар

by fokus

Шпанецот Давид Хосе Писонери ќе биде нов тренер на ракометниот европски шамшион Вардар. Тој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ и летово ќе ги води Вардарци во одбрана на европската титула.

Тој доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезони. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро за офоцијалниот сајт на РК Вардар.

По освојувањето на втората европска титула Вардар во новата сезона влегува како еден од малкуте тимови што успеале во 10-те години од организирањето на Ф4 турнирите во три години двапати да биде првак.

„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Поврзани новости