Нов протест пред Собранието, се извикува името на Иванов и се пуштаат патриотски песни

by fokus

Под големо полициско обезбедување, денеска повторно се протестира пред Собранието против промена на уставното име на Македонија.

Демонстрантите го извикуваат името на претседателот Ѓорге Иванов, а пуштаат и патриотски песни.

Протестот засега е мирен, за разлика од вчера, кога поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица.

Во насилните протести повредени беа седум полицајци, а уште 10 лица побарале лекарска помош.

Истрага за синоќешните случувања пред Собранието на РМ покрена и Основното јавно обвинителство Скопје.

Поврзани новости