Нов протест од дваесетина минути против министерот Спасовски

by Фокус 15:51
15:51

Стотина граѓани и денеска во 13 часот се собраа пред Министерството за внатрешни работи и побараа од министерот Оливер Спасовски да го обезбеди просторот каде што ќе се гради крстот во Бутел за да непречено се одвива неговата изградба. Протестот го предводеше градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.

Присутните на протестот скандираа  „Уа Оливер“, „Шиптарски министер“ и „Оливер педер“. Велат дека тие се жители на Бутел и не се поврзани со ниту една политичка партија.

- Advertisements -

-Сите гласини дека е одлуката за изградба на крстот поништена не се точни, зошто иницијаторот не се повлекол од иницијативата за изградба ниту пак побара некакви промени. Се надевам дека многу скоро ќе продолжат градежните работи, рече градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски.

Претседателот на општинскиот Совет, Бојчевски, најави дека ако денеска министерот Спасовски не го обезбеди просторот, тие и утре ќе дојдат на протест. Денешниот протест траеше дваесетина минути.

Поврзани новости