Нов прислушуван разговор: Шекеринска бара ДИК принципиелно да гласа за победата на Жерновски во Центар

by fokus

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нов прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Како што појаснува објавувачот, овој пат се слуша гласот на сега министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и тогаш вицепремиерот во Владата на Груевски, Фатмир Бесими.

Според разговорот Шекеринска бара од Бесими членовите на Државната изборна комисија да гласаат принципиелно по однос на изборната победа која ја понесе и во првиот круг кандидатот на СДСМ, Андреј Жерновски. Шекеринска вели дека одлучувачки е гласот на членот од ДУИ, Субхи Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија.

И покрај овој разговор во Центар потоа сепак ќе има прегласување, но и во вториот круг победата ќе ја понесе Жерновски.

Поврзани новости