Нов позитивен случај поврзан со Кожната клиника, досега вкупно шестмина заразени

by fokus

Меѓу позитивните случаи од последните дваесет и четири часа е и уште еден случај поврзан со директорка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска која веќе е разрешена.

Со ова бројката на заразени од оваа Клиника порасна на шест лица, односно сомнежите се дека овие лица се заразија од директорката која се врати од скијање од Италија и одеше на работа и беше социјално активна.

Во последните 24 часа има 24 нови случаи. 15 лица се од Скопје, четири лица се од Куманово, двајца се од Дебар и по едно лице од Штип и Тетово.

Со ова вкупната бројка на заболени се искачи на 201 лице, тројца се починати, а тројца излекувани. Едниот е маж од Дебар кој веќе е испишан од Инфективната клиника и е испратен на домашно лекување откако во два наврати неговиот тест бил негативен.

Втората излекувана пациентка е жена од Скопје, која исто така имала два негативни теста. Документите за неа се спремаат и во текот на денот и таа ќе биде пуштена од Инфективната клиника.

Поврзани новости