Нов напад во Лондон, комби прегази пешаци на Лондонскиот мост, шест загинати, повеќе од 30 повредени

by Fokus

Шест жртви и повеќе од 30 повредени лица има по вечерашниот напад на Лондон, откако комби влетало во голем број пешаци кои се движеле по Лондонскиот мост, јавува Би-Би-СИ.

Сведоците велат дека вооружени полицајци се на местото на настанот, откако бело транзитно комби се качило на тротоарот и удрило во луѓето.

Медиумите јавуваат и дека имало и одделен напад со нож, но се уште нема никаква потврда за тоа. Мостот е затворен во двата правци.

Поврзани новости